Бугарите почнаа со плачење: Македонија ЃП – ЦСКА да се игра во Ниш – тензично било во Скопје!?
Освојувачот на македонскиот Куп, Македонија ЃП ѝ даде само 60 билети на ЦСКА Софија за пресметката идниот четврток во Скопје во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига, па од Софија веднаш почнаа со – плачење.
Бугарските медиуми ја оценија одлуката на „лавовите“ како тежок пораз за софискиот гигант, ама бугарски „Труд“ отиде до таму, што дури (по)бара УЕФА да реагира и мечот да не се игра во Скопје, туку на неутрален терен во Ниш (?!)
Мечот на „лавовите“ и „армејците“ треба да се игра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, па сега Бугарите иницираат проблем каде што го нема, дека УЕФА требала да реагира, па дури и посочуваат промери во кои Ерменија и Азербејџан, како и Русија и Украина, поради затегнати односи не играат меѓусебе, ниту клупски, ниту репрезентативно.
„Само 60 билети доби ЦСКА за првиот меч и причината е препораката од локалните власти, поради антибугарските протести. И сега прашање е дали мечот треба да се игра во македонската престолнина? УЕФА има пракса да реагира веднаш ако има политички тензии и ваквите мечеви ги ‘праќа’ на неутрален терен. Во овој случај, дури решението е и наједноставно, Ниш е близу до двата главни градови. ЦСКА треба да реагира и УЕФА многу веријатно ќе ја направи промената. За реваншот не би имало проблем да се игра во Софија“, пишува „Труд“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанскиот министер за надворешни, Ферит Хоџа, за…
Премиерот Еди Рама нема да си поднесе…
„Волстрит журнал“: Носачот „Џорџ Вашингтон“ се вооружува…
Американските воени сили на Блискиот Исток се…
ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Ноќва се…
Вечерва започнува зимското сметање на времето. Преминот…
Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта останува во…
Гостиварец со ,,Волво” удрил мечка на автопатот…
На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР…