Бугарите пристигнаа во Скопје – Тренерот на ЦСКА Софија: Ќе биде многу топло, мора да бидеме паметни
Бугарите пристигнаа во Скопје. Експедицијата на ЦСКА Софија попладнево дојде од Софија во главниот град на Македонија. Прво удобно се смести, за да потоа тренерот Саша Илиќ, легендата на Партизан одржа прес по повод утрешниот меч со Македонија ЃП.
Тоа ќе биде прв меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции…
„Ќе биде многу топло, условите ќе бидат тешки за игра, и затоа мораме да бидеме паметни. Тука сме да постигнеме добар резултат пред реваншот. Го знам стартниот состав. Мора да се погрижиме да ги запреме нападите на Македонија ЃП, потоа потребна е максимална концентрација и почитување на упатствата. Само така можеме да дојдеме до добар резултат. Не размислуваме за тоа кој ќе ниде биде следен противник, фокусот ни е на овој двомеч со Македонија ЃП“ посочи стратегот на ЦСКА Софија.
Извор: Спорт Медиа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…