Објавено на:

Бугарите се жалат дека поради евтиното јагнешко месо во Македонија е загрозен бизнисот со овци во Бугарија

t

Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Македонија, јави софиската телевизија бТВ.

Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата.

Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра).

Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко.

– За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока, вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна.

Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: Шефот на ЦИА ја предупредил Москва…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон…

Осомничен самиот се јавил на 999 и…

Неочекуван пресврт во истрагата за сомнителниот инцидент…

Туск предупреди: „Пред нас се многу тешки…

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека пред…

Бугарското МНР го повикало на разговор в.д.…

Вршителот на должноста шеф во Амбасадата на…

Трамп пред тешка одлука: Белата куќа на…

Белата куќа одржува интензивни разговори за можноста…