Бугарите се жалат: “Северномакедонските” власти измислиле куп процедури за Бугарите кои ќе сакаат да навиваат во Скопје

t

Бугарската фудбалска репрезентација на Фејсбук се жали од “северномакедонските” власти кои им наметнале еден куп процедури на Бугарите кои ќе сакаат да го следат натпреварот меѓу Македонија и Бугарија на 26 септември во Скопје.

Бугарската репрезентација објаснува дека за да можат да купат арти Бугарите ќе треба да остават лични податоци, име, презиме и број на идентификационен документ.

Навивачите кои ќе дојдат со оспствени возила ќе имаат точно определено место каде безбедно да ги паркираат нивните возила.

Во продолжение објавата на бугарската фудналска репрезентација на Фејсбук:

– Ги известуваме навивачите на репрезентацијата со желба да го посетат натпреварот против Македонија во Скопје на 26 септември, дека пријавувањето на билетите во бугарскиот сектор на ул. Тоше Проески ќе биде прифатен до 17:00 часот на 25 септември (недела). Цената на влезниците е 6 евра, а истите можат да ги набават само по преднарачка на [email protected] или на тел. +359 2 9055349.

На експресно барање на северномакедонските власти, оние кои сакаат да ги наведат своите име и презиме, како и број на документ за идентификација.

Билетите ќе бидат обезбедени лично во специјално организираната фан зона за бугарските навивачи на: Скопје 1000, ул. Лазар Личеновски (Спортска Зала Кале) од 15:00 часот. локално време на денот на натпреварот до 18:45 часот, кога ќе започне придружбата на бугарската агитка до Блок 11 на стадионот.

Во организираната фан зона, гостинските навивачи ќе можат да ги паркираат своите возила под сите безбедносни услови.

Во прилог ќе најдете мапа со точната локација на бугарската фан зона, како и определеното место на трибините. На локацијата во северномакедонската престолнина, бугарските навивачи можат да добијат дополнителни информации на тел +359 895 751838

Ги известуваме фановите дека бројот на билети за бугарскиот сектор на ул. „Тоше Проески“ е ограничен, а билетите за бугарските запалијанковци нема да се продаваат, пишуваат од бугарската репрезентација.

ЛИНК од објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…

Бугарски новинар: Следува крај на војната и…

Станува јасно дека украинскиот конфликт е веќе…

Претседателот на Бугарија стави вето на испораката…

Киев требаше да добие стари оклопни транспортери…

Србија обвини маж за шпионажа во корист…

Во српскиот град Босилеград е уапсено лице…

Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител…