Бугарите се предомислија: ОДОБРЕНО ОТВАРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ во Благоевград!
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград го најави свеченото отварање, предвидено за 30 октомври.
Во поканата стои дека клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, и да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.
Клубот „Никола Вапцаров“ основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон.
Настанот на кој се поканети премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадорите, медиумите од двете страни на границата, пријатели и гости од земјата и странство, е дозволен од градоначалникот на Благоевград.
Прославата на отварањето на клубот предвидено е да започне со поздрав кон присутните и осветување на просториите според христијанските обичаи, а потоа предвидени се обраќања од официјалните гости.
За крај е предвидено положување на цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…
Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…
Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…