Бугарите си легнаа на брашното: Сега ќе преговараат со „Газпром“ за гас!

t

Бугарскиот преоден министер за енергетика, Росен Христов, за БНТ изјави дека неговата земја ги почнала преговорите со „Газпром“ и се обидува да постигне позитивен исход од преговорите и продолжување на испораките под услови поволни за неа.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Христов изјави дека клаузулите од договорот се доверливи, како и сите преговори и размена на информации. Тој информира дека се водат исклучително интензивни разговори и се надева дека наскоро ќе има позитивен резултат.

– Во моментов не зборуваме само за снабдување со гас, туку и за рокови за плаќање во рамките на ограничувањата наметнати од ЕУ, рече Христов.

Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, го нарече „Газпром“ небезбеден снабдувач со гас, бидејќи на крајот на зимата нагло и без предупредување ги прекина испораките за Бугарија. Тој додаде дека Бугарија имала обезбедени слотови за испорака на американски течен гас од октомври до декември, па, за него, е неразбирливо зошто шесте бродови со течен гас од САД биле одбиени од привремената влада на Галаб Донев.

Во Софија имаше протести на граѓаните кои не сакаат Бугарија да склучи нов договор со „Газпром“. Учесници во нив протестираа против бугарскиот претседател Румен Радев и рускиот претседател Владимир Путин и нивната зависност од Русија. Демонстрантите побараа смена на министерот за енергетика Росен Христов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…