Бугарите со нокаут за Ковачевски: Партијата на Петков не сака да чуе за Македонија до Нова година

t

Извршниот одбор на партијата на бугарскиот премиер Кирил Петков „Продолжуваме со промените“ донесе цврста одлука да ја замрзне темата околу Македонија и ветото барем до Нова година и покрај огромниот притисок од факторите на ЕУ за брза деблокада, пишува бугарскиот медиум „Марица“.

Како што се додава во текстот, „бугарската влада е свесна дека какви било самостојни одлуки, различно од веќе потпишаното и Резолуцијата во Собранието ќе доведат до пад на Кабинетот на Петков“.

-Кирил Петков веќе ги известил европските власти за одлуката и покрај тоа што Бугарија ќе ја стави во непријатна позиција во однос на внатрешните преговори за гасот и нафтата. Владеачката партија ги повикала македонските власти брзо да ги расчистат контроверзните прашања, при што ЕУ вети дека ќе изврши максимален притисок врз Скопје по ова прашање, пишува „Марица“.

Понатаму во текстот стои дека „Европа и САД брзаат да ги внесат Македонија и Албанија во Европската унија, загрижени за влијанието на Русија и Путин во овој регион, поттикнувајќи ги старите непријателства на линијата Скопје-Тирана-Косово-Белград“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…