Бугарија влезе во Еврозоната и го воведе еврото како официјална валута

t

Бугарија го воведе еврото на 1 јануари во четврток, и покрај противењето во одредени сектори од општеството.

Бугарија стана 21 членка на валутната унија, со што бројот на луѓе кои го користат еврото надмина 350 милиони, пренесува Дојче Веле.

Бугарија го воведе еврото на 1 јануари во четврток, и покрај противењето во одредени сектори од општеството. Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го поздрави приклучувањето на Бугарија кон Еврозоната.

„Еврото е моќен симбол на она што Европа може да го постигне кога работиме заедно, како и на заедничките вредности и колективната сила што можеме да ги искористиме за справување со глобалната геополитичка неизвесност со која се соочуваме во моментов“, изјави таа во соопштение.

Балканската земја, членка на ЕУ од 2007 година, ѝ се приклучува на еврозоната, по влезот на Хрватска на 1 јануари 2023 година. Со овој чекор, бројот на Европејци кои го користат еврото надминува 350 милиони. По приклучувањето на Бугарија, надвор од еврозоната остануваат само шест од 27 земји членки на ЕУ: Шведска, Полска, Чешка, Унгарија, Романија и Данска.

Иако претседателот Румен Радев го нарече воведувањето на еврото „последен чекор“ во интеграцијата на Бугарија во ЕУ, тој изрази жалење што граѓаните не биле консултирани преку референдум.

„Ова одбивање беше еден од драматичните симптоми на длабокиот јаз меѓу политичката класа и народот, потврден и со масовните демонстрации низ земјата“, рече тој во новогодишното обраќање. Според најновото истражување на Евробарометар, 49% од Бугарите биле против преминот на еврото.

Во изминатите денови, сопственици на бизниси и трговци пријавиле тешкотии во набавката на евра, при што некои не ги добиле нарачаните почетни пакети. Банките, исто така, предупредија на можни прекини во плаќањата со картички и подигнувањето готовина од банкомати.

Фиксниот девизен курс изнесува 1,95583 лева за едно евро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…