Бугарија го враќа задолжителното носење на маски против Ковид-19
Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.
Според него, „Бугарија се соочува со нов бран на коронавирусот и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку бргу и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација“.
Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Од понеделник со новите мерки кои се очекува да стапат во сила од понеделник.
Кунчев е дециден дека „никој нема да ја пропадне туристичката сезона или економијата во оваа комплицирана ситуација, но сепак, кога ќе се носат одлуки, вклучително и од Националниот фонд за здравствено осигурување на Бугарија, мора да размислуваме за здравјето на луѓето, потоа – за заштеда на пари“.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…