Како пред војна, Бугарија го повлекува нивниот амбасадор од Скопје: Ќе го вратиме кога ќе има напредок во борбата со говор на омраза
Бугарија ќе го врати амбасадорот Ангел Ангелов во Скопје само кога ќе види вистински напредок во борбата на Македонија против говорот на омраза и уапсените извршители на нападите врз бугарските клубови, но и против Христијан Пендиков. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
На Ангелов му беше наредено во понеделник да се врати во Бугарија на „консултации“. Тој и Милков денеска реферираа за случајот со претепаниот Пендиков пред странската комисија во парламентот. Повлекувањето на Ангелов е знак на цврст став дека ова не може да продолжи, објасни министерот, цитиран од 24 часа.
На прашањето како треба да изгледаат вистинските чекори на РМ против говорот на омраза, тој рече: „Имаме многу декларации, но би сакале да видиме казни за луѓето кои извршиле злосторства од омраза, сакаме да видиме вистински постапки. Сите се сеќаваме тој случај со пироманот кој доби условна казна и потоа пееше на тамошните митинзи и стана народен херој“, посочи министерот.
На прашањето како гледа на повиците на министерот за надворешни работи на РС=М, Бујар Османи, да се запрат провокациите и од бугарска страна, бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, одговори: „За танго се потребни двајца“.
Тој ги осуди и објавите во македонските медиуми дека Пендиков продавал дрога, а тоа што се случило е тепачка меѓу дилери на дрога. Тој нагласи дека Христијан бил изнесен од државата со сопствен пасош и не бил спречен од надлежните, што значи дека не бил баран, како што се тврдеше.
РМ во овој случај, за да продолжи на нејзиниот европски пат, мора да ги исполни своите обврски, рече Милков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…