Објавено на:

Бугарија гради база за прифаќање на авионите Ф-16

t

Министерството за одбрана на Бугарија е под голем притисок за навремено да ја заврши работата на изградбата на соодветна инфраструктура на аеродромот Граф Игнатиево за прифаќање на авионите Ф-16, купени од Соединетите Американски Држави, пренесува порталот Балканска безбедносна мрежа.

Во погонот на американската фирма Локид Мартин во Гринвил во Јужна Каролина во моментов се склопуваат авионите за Бугарија, а првиот од осумте Ф-16Ц/Д блок 70 ќе полетаат пред крајот на годината.

Следната година следува примопредавање, но до тогаш мора да заврши сложената инфраструктура за сместување и одржување на новите авиони поради што во претходните недели Граф Игнатиево го посетиле американски експерти задолжени за проценка на состојбата на работите.

Ако не се заврши изградбата и уредувањето на просторот, Американците нема да ја сертифицираат базата и бугарската авијација нема да може да ги преземе авионите во идната матична база, пишува порталот.

Како привремено решение за сместување на авионите се спомнува Словачка која исто така во вооружувањето воведува нови Ф-16Ц/Д блок 70.

Словачките авиони ќе бидат привремено сместени во базата Малацки, но работите на уредувањето на базата Слиач во централна Словачка наскоро треба да бидат завршени. Во бугарскиот парламент на почетокот на месецот се водеше расправа за динамиката на изградбата во Граф Игнатиево, а поранешниот министер за одбрана Тодор Тагарев кажа тогаш дека инвестицискиот процес е почнат во време кога недостигале целосни информации за посебните барања за инфраструктура поради што плановите биле менувани, а изведувачите на работите имале проблеми со финансирањето поради инфлацијата.

Некои договори се раскинати бидејќи фирмите го известиле министерството за одбрана дека не се во состојба да ја завршат работата. Затоа се доцни со завршувањето на работите, но Тагарев најави дека очекува до крајот на годината базата да биде сертифицирана за прифаќање на Ф-16. За модернизација на бугарската ловечка авијација се нарачани 16 авиони Ф-16. Првите осум стигнуваат во 2025, а следните осум по 2027 година. Нивна матична единица ќе биде 3-тата авио база во Граф Игнатиево која сега користи авиони МиГ-29.

За авионите Ф-16 се бараат високи стандарди на уредување на просторот поради што минатиот четврток во Бугарија бил командантот на американските воздухопловни сили во Европа и Африка генералот Џејмс Б. Хекер кој разговарал со бугарскиот началник на одбраната адмиралот Емил Ефтимов за подготовките за прием на Ф-16.

Американската страна во тие разговори понудила поддршка од базата Авијано во Италија во која се сместени два ескадрони на авиони Ф-16.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајни прописи во Грција на кои македонските…

Многумина летово ќе заминат на одмор во…

(Видео) Атанасовски:  Ако добиеме ново вето од…

- Најстрашно за нас е ново вето,…

Руски физичар осуден на 14 години затвор…

Рускиот физичар Анатолиј Маслов, кој работел на…

Катимерини: Атина го чека следниот потег на…

Атина ќе почека владата на Македонија да…

Честитки! Димитриевски е нов голман на Валенсија!

Иако подолго време се пишува за тоа…