Бугарија денеска во нов обид за составување на Влада четири месеци по парламентарните избори
Четири месеци по парламентарните избори во Бугуарија, државата денеска во нов обид за составување на Влада во Бугарија
Претседателот Румен Радев денеска ќе ѝ го врачи вториот мандат за состав на влада на втората по големина пратеничка група во 48. Народно собрание – групата на „Продолжуваме со промената“. Мандатот ќе му биде врачен на кандидатот за премиер на „Продолжуваме со промената“ – академик Николај Денков.
Бугарските пратеници на 14 декември 2022 година не ја одобрија кандидатурата за премиер на ГЕРБ-СДС проф. Николај Габровски, кој го доби првиот мандат за формирање влада. „За“ него гласаа 113 пратеници, „против“ беа 125. Поддршка за кандидатурата на проф. Габровски за премиер со првиот мандат на ГЕРБ-СДС стигна од пратеничката група на ГЕРБ, ПГ на ДПС, како и ПГ на „ Бугарски подем“, но гласовите на пратениците од овие партии не беа доволни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…