Објавено на:

Бугарија доби понуда за втората серија авиони Ф-16 за една милијарда и 320 милиони американски долари

t

Министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари.

Заков пред неколку дена изјави дека пристигнала понудата од САД за вторите осум борбени авиони Ф-16. Сумата е приближно иста како онаа од првиот договор, која е една милијарда и 256 милиони долари, но пакетот за вооружување е многу поголем и имаме право на одложено плаќање, рече министерот Заков.

„Бројот на авиони е ист, но со таа разлика што за првите авиони има шест единечни, и два двоседи ‘Искри’, за вторите соодносот е четири спрема четири. Овој пат Бугарија ќе добие и поголемо придружно вооружување за новите американски воени авиони“, категорично изјави Заков.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…