Бугарија доби преодна влада, најавени предвремени избори во јуни

t

Бугарската привремена влада предводена од премиерот Димитар Главчев положи заклетва во парламентот на 9 април, откако беше назначена од претседателот Румен Радев, кој најави и предвремени општи избори за 9 јуни.

Изборите, кои ќе бидат шести од април 2021 година, беа поттикнати од одбивањето на популистичката партија Има таков народ (ИТН) на 28 март да формира влада, третата партија која одбива мандат.

Претходно, партијата на десниот центар ГЕРБ и нејзиниот поранешен коалициски партнер, прозападната Промените продолжуваат/Демократска Бугарија (ЦЦДБ), изјавија дека не можат да формираат нов кабинет.

По изборите во април минатата година, Бугарија имаше заедничка влада поддржана од реформистичката ЦЦДБ и ГЕРБ. Тие се договорија за 18-месечна влада со ротирачки премиери – прво Николај Денков од ЦЦББ, а по девет месеци Марија Габриел од ГЕРБ.

Денков поднесе оставка на 5 март за да и дозволи на ГЕРБ да ја води владата во следните девет месеци, како што беше договорено. Но, Габриел не успеа да формира влада, а Денков на 27 март ја одби поканата на Радев да се обиде да формира влада.

Новите избори треба да се поклопат со изборите за бугарски пратеници во Европскиот парламент. Пред изборите во април 2023 година, земјата беше управувана од привремени влади назначени од Радев во отсуство на стабилна избрана коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…