Бугарија ИЗГЛАСА: ЌЕ СЕ ДОНИРА ОРУЖЈЕ за Украина

t

По четири часа дискусија, Националното собрание на Бугарија донесе одлука за испраќање оружје во Украина.

Иницијативата е поднесена од партиите ГЕРБ и коалицијата „Демократска Бугарија“, а поддржана е и од „Промените продолжуваат “, „Движење за права и слободи“ и „Бугарски подем“.

Бугарската социјалистичка партија и „Преродба“ гласаа против испораката на оружје за Украина.

Претходно Украина неколку пати се обраќаше кон Бугарија со барање да испрати оружје. Во претходното свикување на парламентот, повеќето партии го поддржаа обезбедувањето воена помош за Украина.

Но, Корнелија Нинова, која тогаш беше министерка за економија, постојано одбиваше да го поддржи таквиот предлог, па дури и се закани дека нејзината партија, Бугарската социјалистичка партија, ќе ја напушти владејачката коалиција.

Во мај, мнозинството членови на Националното собрание ја поддржаа одлуката само за ремонт на украинската опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресуда за двојното убиство на Вања и…

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…

Истрага против две лица за тешката сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…

Сиљаноски: Гости на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беа…

Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ…

Жена од Македонија се удавила во Грција

Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…

Мнозинството Американци се против војна со Иран

Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…