Бугарија има сериозен проблем со нео-нацизмот: Популарниот бугарски блогер признава присуство на опасната идеологија

t

Европската и македонска јавност вчера беше шокирана од постапката на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој на дебатата на Европскиот парламент во Стразбур предизвика скандал откако ја напуштил расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија со нацистички поздрав.

Популарниот бугарски блогер Бојан Јуруков признава дека Бугарија има сериозен проблем со наплив на неонацизмот.

„Да, Џамбаски направи нацистички поздрав во Европскиот парламент. Како и што правеше во минатото. Да, за жал, ова е причината поради која неговите гласачи го гласаа за европратеник. Да, Бугарија има проблем со неонацистички, хомофобични, мизогени, антинаучни, антиимигрантски и анти-ЕУ групи. Ние работиме да го решиме тоа напиша Јуруков.

Секоја година во Софија се одржува таканаречениот Луков марш кој го организираат различни националистички фракции во спомен на контроверзниот генерал Христо Луков.

Луковмарш е вечерна поворка во која има учесници од цела Европа, која се одржува во спомен на генерал Христо Луков. Како водач на Сојузот на бугарските национални легии (СБНЛ), под силно влијание на националсоцијализмот и фашизмот, а одржувал блиски врски со националсоцијалистичкиот режим на Третиот рајх, Луков е контроверзна личност во бугарската историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…