Бугарија и Романија веднаш да влезат во Шенген зоната: Шефицата на Европската комисија бара двете земји да се наградат за „добрите практики“
Им благодарам на Бугарија и Романија за добрите практики во областа на азилот и миграцијата, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата во Стразбур јавува БГНЕС.
– Двете земји се дел од Шенген пространството. Да ги примиме Бугарија и Романија во Шенген зоната без понатамошно одлагање – инсистираше таа пред европратениците во Стразбур.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел ќе го проследи обраќањето на фон дер Лајен во Стразбур, а потоа ќе се сретне со првите луѓе на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…