Бугарија под закана од ЕУ санкции поради огромниот дефицит: ЕВРОЗОНАТА ИСПАДНА ПРЕТЕЖОК ЗАЛАК ЗА СОФИЈА
Само неколку месеци по приклучувањето кон Еврозоната, Бугарија се наоѓа под закана од европски санкции. Новито премиер Румен Радев предупреди дека земјата ќе мора да преземе болни мерки за да го намали буџетскиот дефицит.
Тој ја обвини претходната власт дека зад себе оставила сериозни финансиски проблеми.
Според него, Европската комисија на 3 јуни ќе го објави извештајот што може да ја активира постапката за прекумерен дефицит. Тоа би значело засилен надзор врз буџетската политика на Софија и можни финансиски последици.
Дефицит над дозволената граница
Според правилата на Европската Унија, буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 проценти од бруто-домашниот производ. Минатата година бугарскиот дефицит достигнал 3,5 проценти.
Доколку Софија не успее да ја врати потрошувачката во дозволените рамки, Брисел може да замрзне дел од европското финансирање. Во краен случај, предвидени се и финансиски казни.
„Доаѓа време за тешки прашања“
Радев оцени дека актуелната состојба е резултат на години лошо управување со јавните финансии. Тој ја обвини претходната проевропска влада на Росен Жељазков за неодговорно трошење и прикривање на вистинската состојба во буџетот.
– Сега доаѓа време за тешки прашања и Европската комисија ќе нè праша зошто некои луѓе ја излажаа – изјави Радев.
Тој најави дека владата ќе бара одговорност за сите злоупотреби и дека ќе се обиде постепено да ги стабилизира јавните финансии.
Тешка задача за новата влада
Радев предупреди дека стабилизирањето на буџетот нема да биде лесна задача. Според него, ќе бидат потребни години за државните финансии повторно да се вратат во нормални рамки.
Бугарската влада сега се соочува со предизвик да го намали дефицитот без дополнителен удар врз економијата, во период кога земјата штотуку се приклучи кон заедничката европска валута.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската влада ќе го измени уставот за…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар предложи измена на…
Бугарија под закана од ЕУ санкции поради…
Само неколку месеци по приклучувањето кон Еврозоната,…
(Фото) Катастрофални услови во тетовската касарна: Мувла,…
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа фотографии од…
80 проценти од македонските граѓани не би…
Според презентираните резултати, 80 проценти од македонските…
Дронот што ја погодил зградата во Галати…
Дронот што се урна во четврток вечерта…