Објавено на:

Бугарија протерува 70 руски дипломати, работеле за странски служби

t

Бугарија протерува 70 руски дипломати кои работеле против интересите на земјата, изјави за новинарите премиерот во оставка Кирил Петков.

Нашите служби ги идентификуваа како луѓе главно поврзани со нивните служби и работеа против интересите на нашата земја. Сакам да им честитам на бугарските служби и на Министерството за надворешни работи што си ја завршија работата. Сакам да им порачам на сите странски земји, не само во Русија – дека секој што работи против интересите на Бугарија ќе бидат повикани и отповикани да се вратат во земјата, рече тој.

Сите тие се дел од руската амбасада, рече Петков, а многумина од нив работеле за странски служби, додека нивната дипломатска улога била повеќе како параван. Тие биле на различни официјални позиции и, според Петков, спроведувале „некарактеристични активности за овие дипломатски позиции“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…

„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…

Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…

Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…

„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат…

Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека…

Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…

Само еден товарен брод вчера минал низ…

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…

По вчерашното одржување на првото судско рочиште…