Бугарија се пpедомисли: Македонски граѓани ќе можат да влезат во Бугарија, еве кои се условите
Граѓаните на Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарската министерка за здравство Асена Шербезова.
„Од четврток, 20 јануари, државјани на Република Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, Р. Македонија, Израел, Турција и Србија, која е во „црвената“ зона, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за КОВИД за вакцинација или прележана болест, со негативен резултат од ПЦР-тест до 72 часа пред влез“, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.
Исто така на 20 јануари „црвената зона“ ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Република Малдиви, Фиџи, Демократска Република Сао Томе и Принсипе, Сент Винсент и Гренадини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…
Јотова ја слави победата на претседателските избори…
Илијана Јотова по изборната победа им се…