Бугарија утрешниот ден го прогласи за ден на жалост поради трагедијата во Кочани
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков изјави дека 18 март ќе биде прогласен за ден на жалост во Бугарија, како израз на солидарност со Македонија.
„Владата ќе одлучи утре да биде ден на жалост како израз на солидарност со нашиот наблизок сосед на Балканот. Тука нема политика, само сочувство и емпатија“, рече Жељазков.
Изрази сочувство до семејствата на жртвите.
„Во нашите болници во Софија, Пловдив и Варна во моментов има 14 македонски државјани. Се надевам дека организацијата што ја создадовме ќе биде ценета, но не е време да се обидеме да ја истакнеме нашата улога, бидејќи во такви моменти е важно да покажеме навремена солидарност, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе, но тоа ќе зависи од нашите колеги од Македонија, ние сме во постојатн контакт“, рече Жељазков и додаде дека се обезбедени услови и за роднините на жртвите да пристигнат во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…