Бугарија ја укинува таксата за рускиот гас

t

Бугарија донесе одлука да го укине данокот за транзит на гас од Русија кој минува низ територијата на таа земја, со цел да ги подобри односите со членките на Европската унија и да се приклучи кон Шенген зоната.

Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг.

Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.

Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни – рече Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не исклучува вонредни мерки пред изборите:…

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја…

„Албанија што гори е Албанија на сите…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока…

Излезеноста во Брвеница до 17 часот 39,34…

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на…

Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…

Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…

Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…