Бугари и Романци измамиле над 33 илјади луѓе во Германија, ги оштетиле за повеќе од 89 милиони евра
Бугари и Романци се меѓу приведените за учество во голема онлајн измама за над 89 милиони евра во Германија, објави Европол, пренесуваат бугарските медиуми.
Повеќе од 33 илјади луѓе се жртви на измамата.
Најмалку петмина се приведени и распишана е меѓународна потерница. Има тројца Бугари, а другите двајца се романски државјани.
На барање на германските власти во март тие беа приведени во акција која траеше два дена.
Претресени се 15 адреси во Бугарија, Романија и Израел, меѓу кои и пет нелегални телефонски центри. Операцијата следи по акциите против истата онлајн измама во 2021 година.
Двајцата приведени во Романија веќе се предадени во Германија, каде што ќе одговараат. Се очекува и сите тројца Бугари да бидат испратени во сојузната република. Според Марио Краузе од полицијата во Брауншвајг, кој ја води истрагата за сајбер криминал, ова се „водечките организатори“ на измамата. Обвинетите се на возраст од 29 до 51 година.
Инспекторите откриле дека измамничката шема ги намамила инвеститорите со професионален изглед на веб-страници и реклами на социјалните мрежи користејќи центри за повици во различни европски земји. Измамниците ги охрабрувале своите жртви да направат мали почетни инвестиции од 200 до 250 евра, покажувајќи висок профит преку лажни графики и софтвер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Британија депортира Бугари обвинети за шпионажа за…
Двајца Бугари кои беа обвинети во Велика…
Радев: Македонија треба само да ги впише…
Единственото нешто што треба да го направи…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…