Бугарската армија го презема обезбедувањето на државната граница со Турција
Делови од Министерството за одбрана на Бугарија ќе го преземат обезбедувањето на границата со Турција, каде притисокот од мигрантите е најсилен, изјави за Нова ТВ главниот секретар на МВР, главниот комесар Петар Тодоров.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Тодоров, дополнителните полициски сили кои беа испратени ќе бидат повлечени да учествуваат во обезбедувањето на парламентарните избори на 2 октомври во земјата.
До крајот на септември полициските сили ќе бидат обештетени со соодветна опрема – беспилотни летала, хеликоптери и кучиња трагачи, рече главниот комесар Тодоров.
Тој беше категоричен дека нема да биде потценет ниту еден од двата сериозни проблеми со кои се соочуваат бугарските власти. Тодаров додаде дека септември и октомври се најфреквентни во однос на мигрантскиот притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…