Бугарската влада ќе зависи од партија која бара анектирање на Македонија?!

t

Изборите во Бугарија и формирањето на новата влада може да доведе до тоа партијата „Преродба“ да биде фактор за тоа кој ќе биде нова власт кај источниот сосед.

Партијата „Преродба“ или на бугарски „Възраждане“ е предводена од лидерот Костадин Костадинов.Оваа партија важи за проруска и антимакедонска, антиромска и е против мигрантите.

Костадинов се пофали дека илегално влегол во Македонија и оставил бугарско знаме на тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.

Според последните анкети оваа партија е трета и без неа ќе биде невозможно да се формира владата на Бугарија која најверојано ќе биде предводена од Има таков народ на Бојко Борисов.

„Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа“, пишува во програмата на Преродба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…