Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, еве што беше предочено

t

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, информираат преку соопштение од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна.

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна, се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Деко излегува од притвор во сабота

Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за…

12-годишен Македонец кој ги освојува светските сцени:…

Во време кога вниманието на јавноста често…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Нетанјаху: Уапсен е пилотот кој извршил напад…

Пилотот осомничен дека извршил напад со нож…