Бугарскиот Премиер денес во Скопје

t

Макдонскиот премиер Димитар Ковачевски, само ден по неговото стапнување на должноста, во вторникот ќе го пречека бугарскиот колега по должност Кирил Петков кој ќе пристигне во еднодневна официјалната посета на Скопје.

Петков ќе допатува во придружба на Кристијан Вигенин, заменик-претседател на Народното собрание, со Теодора Генчовска, министерка за надворешни работи и Николај Сабев, министер за транспорт и врски.

На аеродромот во Скопје владината делегација на Бугарија ќе ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што се очекува да започне официјалниот дел на посетата со церемонијалниот пречек со високи државни и воени почести пред Владата во Скопје.

Таму бугарската делегација ќе ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи министер за надворешни работи и Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на министерството за надворешни работи.

Според агендата за посетата, премиерите Ковачевски и Петков ќе имаат средба зад затворени вратиа, а одделни средби ќе имаат и Маричиќ со Вигенин, министрите за надворешни работи Османи и Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите, по што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

Ковачевски и Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот „Електронски дневник за лица со дијабетес”, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Бугарија, премиерот Кирил Петков ќе има одделни средби со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови по што владината делегација на Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

Што се очекува од посетата на Петков?
Пред својата прва официјална посета на Скопје, бугарскиот премиер Кирил Петков на социјалмите мрежи у честиташе на Димитар Ковачевски за стапувањето на должноста премиер и напиша дека очекува да работат заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на билатерални односи. Ковачевски пак откри за што ќе зборува со Петков и додаде дека е рационален оптимист за преговорите.

На вчерашната средба на Ковачевски со американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнз, новиот премиер порачал дека посетата на бугарскиот премиер Петков е добар исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање на решение прифатливо за двете страни.

По изјавата од неделата на Петков дека во Бугарија не постои македонско малцинство, новиот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ рече не било на Македонија да каже има или нема Македонци во Бугарија.

Со реакција на изјавата на бугарскиот премиер се огласи ОМО Илинден, од каде рекоа дека не само Петков, туку и милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина, ниту, пак, да ги снема Македонците.

„ЕУ стои на својот збор за Северна Македонија. Сите услови за пристапните преговори се исполнети и тие треба да започнат, а Германија активно ќе се залага за тоа“, порача германската министерка за Европа, Ана Лирман по средбата во понеделникот со државниот врв и иззрази оптимизам во однос на сигналите коишто пристигнуваат од Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…