Бугарскиот премиер за ветото и за рускиот филм: Не можеме да бидеме рамнодушни кога некој се обидува да ја поткoпa бугарската историја

t

Укинувањето на ветото на Бугарија за Македонија е функција на работата што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за Нова Телевизија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков изразил надеж дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни.

-Бугарија и Македонија мора да работат заедно, потенцира Петков.

На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија. Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјасни против филмот и освен што не го одобрува, туку и силно го критикува.

-Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја, наведува Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците се стремат кон слободен живот, одделен…

Григор Начович, министер и дипломат на Бугарија,…

Бугарија принципиелно и целосно ја поддржува Албанија…

Бугарија ја потврдува постојаната силна поддршка за…

Груевски со нов нокаут за Бугарија –…

Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот…

Захарова: Бугарија долго време е на патот…

„Денеска властите во Софија преминаа на практично…

Бугарија го одложи воведувањето на такса за…

Бугарија го одложи воведувањето на надоместокот за…