Бугарските историчари што прогласија победа се маргинализирана група во Бугарија, вели Османи

t

Сега беше објавен првиот Протокол од 2019 година кој за жал тогаш не беше објавен и го немаше во архивите, вели во „Жешко политичко лето“, министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со ликувањата на бугарскиот Национален круг „За Македонија“ кој откако беа објавени протоколите соопштија дека ова е „победа за бугарската историска наука!

“Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со Северна Македонија стигна до првата победа!“ – пишуваа бугарските медиуми цитирајќи ги нивните историчари.

-Во однос на реакцијата морам да демантирам дека се создаде една погрешна перцепција во јавноста, а тоа е дека историчарите од бугарската страна на Комисијата реагирале.Станува збор за една маргинална група на историчари во Бугарија кои се на маргините на политичката дебата, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…

Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…

Нападите со дронови во Црното Море го…

Шест бродови се откажале од пристигнување во…