Бугарските клубови ќе продолжат да работат ако ги променат имињата, вели Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека бугарските клубови штом ги променат спорните имињата, ќе продолжат да работат согласно законите.
Тие што нема да поднесат барање до Централниот регистар, нема да продолжат да работат согласно законите. Културните клубови треба да бидат место каде што ги зближуваат народите и граѓаните, а не да бидат места каде што со своите имиња будат негативните чувства и ги разединуваат граѓаните. Законот ќе биде спроведен во целост како што се спроведуваат сите други закони – порача Ковачевски за имињата на клубовите „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Клубот во Охрид пред шест дена веќе поднел барање за промена на своето име.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…
Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…
Акциите на производителот на чипови паднаа за…
Најава за средба меѓу Венс и Резаи…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и секретарот…