Бугарските медиуми за Шекеринска: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО!

t

„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“. Вака гласеше еден од многуте наслови во бугарските медиуми од медиумот Сега.бг  утрово откако се обзнани дека втор човек во НАТО Алијансата ќе биде Македонката Шекеринска.

Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов.

Уште пред Руте да ја преземе функцијата, беше објавено дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека негова замена треба да биде жена од Источна Европа. Во тоа време, висок дипломат на НАТО изјави за публикацијата дека разговорот бил фокусиран на две жени – Марија Габриел и Радмила Шекеринска.

Меѓу другите кандидати беа и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора во периодот 2020-2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските медиуми за Шекеринска: Руте избра Македонка…

„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за…

Левица: Се крати од ранливите категории за…

Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи…

Црни сценарија од Будимпешта: Влез на Украина…

Пристапувањето на Украина во НАТО би значело…

Руте ја најави годишната нуклеарна вежба на…

НАТО ќе ја започне својата годишна нуклеарна…

НАТО распоредува 49 нови бригади во Европа

НАТО планира да ги зголеми своите сили…