Бугарските социјалисти ќе се обидат да состават влада, а за премиер ќе го предложат Асен Василев
Бугарската социјалистичка партија нема да го врати третиот и последен мандат за формирање влада, одлучи Националниот совет на партијата, јави дописникот на МИА од Софија.
Извршното тело на бугарските социјалисти со 96 гласа „за“, 15 „против“ и два воздржани гласаше нивната партија да се обиде да го реализира мандатот, наместо да му го врати на бугарскиот претседател, Румен Радев.
Се очекува БСП до парламентот да предложи законодавна програма со 97 мерки – измени на закони, предлози за избор на раководни функции. Програмата ќе биде шесмесечна – до крајот на годината и ќе послужи како тест за можната поддршка за кабинет.
Доколку програмата го собере мнозинството од 121 пратеник во 47. Народно собрание на Бугарија, следниот ден БСП ќе поднесе свој кандидат за премиер, а тој ќе биде Асен Василев.
-Доколку програмата во петок не собере мнозинство во Националното собрание, БСП ќе го врати мандатот, изјави вицепремиерката и лидер на БСП, Корнелија Нинова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…