Бугарски генерал тврди дека Зеленски наскоро ќе објави предавање

t

Бугарскиот генерал, Димитар Шивиков, во гостување на Националното радио на Бугарија, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наскоро ќе објави дека се предава.

Се ближи моментот кога претседателот на Украина ќе објави дека се предава. Не се сомневам дека Руската Федерација и нејзиниот воен контингент ќе победат во овој конфликт – изјави генерал Шивиков.

Тој посочи дека смета оти Бугарија не треба да и дава оружје на Украина, бидејќи таквите акции само ќе ја интензивираат ескалацијата.

Генерал Шивиков истакна и дека целта на Русија е демилитаризација и денацификација на Украина, а не нејзина окупација или уништување на државноста. Во исто време, Шивиков укажа на „екстремно русофобната политика“ што ја водат украинските власти од 2004 година.

Според него, Киев бил испратен на таков курс од „трансатлантски играч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…

„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…

Училишен прибор по пониски цени од 10…

Со почетокот на новата учебна година, Владата…

САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на…

Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот…

Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…

Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…

Утринава гори на четири места, три пожари…

Утринава до 7:30 часот регистрирани се вкупно…