Бугарски историчар: „Апсурдно е во северномакедонскиот Устав да има Бошњаци, а да нема Бугари“

t

Односите меѓу Бугарија и Македонија во годинава што изминува беа динамични, се отвораа клубови, па имаше напади врз клубовите, па протести. Но, во Бугарија не се зборува постојано за проблемот со Македонија, а во Македонија само тоа се прави, вели бугарскиот историчар Христо Матанов.

Во разговор за Бугарското национално радио (БНР) тој оценува дека во земјава опстојува македонизмот кој, како што вели, е изграден на антибугарска основа.

Според Матанов, главен настан во односите меѓу Софија и Скопје оваа година бил таканаречениот француски, односно европски предлог кој пртедвидува „Бугарите да се внесат како државотворен народ во Уставот на Македонија“.

– Апсурдно е во северномакедонскиот устав да има Бошњаци, а да нема Бугари, вели Матанов и додава дека Бошњаците можат да бидат малцинство, но Бугарите не се малцинство.

Бугарскиот историчар смета дека допрва претстои да се види дали Македонија навистина сака да стане членка на Европската Унија или тоа е само декларативно, бидејќи засега во Парламентот во Скопје нема двотретинско мнозинство за конкретно прифаќање на францускиот предлог, односно внесување на Бугарите во Уставот. Според Матанов, опоизицијата го бојкотира тоа и на тој начин го бојкотира самиот влез на Македонија во Унијата.

Пред францускиот предлог, вели живееле со впечатокот дека Бугарија ја нема во порцесите и дека Македонија лобира, а Бугарите не. Но, додава, “се чини дека идејата да се порази Бугарија пропаднала“. Притоа потсетува дека Бугарија е членка на ЕУ, односно на, како што го нарекува „клубот на богатите“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Матанов обвинува дека јазикот на омраза во Македонија се зголемил и дека омразата е институционална. Според него, самите институции во земјава ја потхрануваат омразата. А бугарската страна малку работела по тоа прашање, споменувајќи го како пример тврдењето дека Бугарите се татари, кое, според него, е руска теза која што одамна е отфрлена.

Во однос на евроинтеграцијата на целиот регион на Западен Балкан, вели дека ЕУ ќе има проблем со тоа бидејќи целиот регион е проблематичен.

– Ќе има големи проблеми и тоа ќе трае со децении, прогнозира бугарскиот историчар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…

Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…