БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР ГИ ПОПАРИ СВОИТЕ СОГРАЃАНИ: Да не преминевме во антифашистичката коалиција границите на Југославија ќе беа до Софија!

t

Соседните земји можеа да бараат бугарска територија доколку Бугарија не влезеше во антифашистичката коалиција за време на Втората светска војна, тврди бугарскиот историчар Нако Стефанов, пренесува Спутник.


Како што потсети, Бугарија до септември 1944 година беше на страната на силите на оската во Втората светска војна, бидејќи во 1941 година дозволи германските сили да бидат стационирани на нејзина територија. Учествуваше и во задушувањето на отпорот во Југославија, а бугарската администрација беше формирана на територијата на денешна Македонија, Грција и Србија.


Но, како што тврди тој, доколку останеше на страната на силите на Оската и не се префрлише на страната на СССР, исходот од Втората светска војна за Бугарија ќе беше сосема поинаков.


„Замислете Југославија и Грција, кои настрадаа за време на војната од фашистичка Бугарија, да се обединат – каде ќе минува границата? Можеби дури и на само 10 километри од Софија. „Не можам ни да замислам каква би била Бугарија денес“, рече тој.
Стефанов оцени и дека ваквиот расплет на настаните би бил катастрофа за Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…