Бугарски историчар: Скопје нема да влезе во ЕУ додека не излезе од југоносталгичното мочуриште

t

Македонскиот експерт и копретседател на мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Драги Георгиев, предложи Македонија да ја прекине работата на комисијата на година или две, додека не се нормализираат односите меѓу Скопје и Софија.

Како што изјави во интервју за телевизија „Телма“, споровите меѓу земјите биле пречка за напредокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Според него, нема ништо страшно во таквата одлука, ако нејзината цена ќе биде подобрување на односите меѓу државите на сите нивоа на преговори.

„Ваквиот политички гест го гледам како чин на добра волја насочена кон создавање пријатна атмосфера за решавање на контроверзните прашања“, рече Георгиев.

Предлогот на македонскиот експерт предизвика негодување во Бугарија. Да потсетиме, успешната работа на мешовитата комисија е едно од барањата на Софија за почеток на преговорите за членство на соседите во ЕУ.

„Очигледно е дека плановите на историчарите и политичарите се многу поинакви од она што се пласира на официјалните состаноци, а на таа страна од границата повторно се играат тајни игри. Во случај да се замрзне работата на комисијата, ќе ги замрзнеме преговорите и Република Северна Македонија ќе треба да почека. И ќе чека додека не излезе од југоносталгичното мочуриште“,
изјави бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Ангел Џамбаски.

Предлогот на Георгиев го одби и бугарското МНР.

„Министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија сметаат дека работата на заедничката комисија за историски и образовни прашања се уште е од големо значење за развојот на билатералните односи“, изјави директорот на прес-центарот на бугарското МНР Митко Димитров.

Да потсетиме, спорно прашање е етничката припадност на некои историски личности. Пред неколку години двете страни решија заеднички да им оддадат почит на личности како Кирил и Методиј и револуционерот Гоце Делчев, кој е во сопственост на двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Во интерес на ЕУ е што…

Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Урнебесно – Само во Бугарија: Жена паркираше…

Постара жена го „слетала“ автомобилот на друг…

Грците и Бугарите живеат најскромно од цела…

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно…