Бугарски историчар ја пофали Владата што не го послуша Пендаровски: „Позицијата на Пендаровски стимулира луѓе како криминалецот од Охрид“

t

Претседателот на СМ Стево Пендаровски предлага да се воведе забрана за влез во земјата на еден европратеник од Бугарија и уште неколку бугарски политичари поради дејствијата што ги преземаат против Македонија и македонскиот народ. Ова претседателот Пнедаровски го соопшти по состанокот на Советот за ебзбедност пред неколку дена, а веднаш по таквата изјавапочна да расте бугарската хистерија.

Вчера бугарскиот МНР соопшти дека амбасадорот на Бугарија во Македонија ќе биде повлечен и нема да се врати во Скопј се додека државава не почне вистински да се бори со говорот на омраза.

– Повикувањето на амбасадор на консултации е чекорот пред да биде отповикан – тоа е дипломатски потег, предупредување. Неговиот престој во нашата земја може да се сфати како своевидно повлекување од РМ. Тоа е добар потег. Откако беше прифатен францускиот предлог, кај нашиот западен сосед има само провокации. Ова го изјави Николај Овчаров од Националниот круг „За Македонија“ во етерот на „Бугарско утро“.

Според него, половина година по потпишувањето на францускиот предлог, не се преземени вистински дејствија во однос на клаузулите од него, вклучително и вклучувањето на Бугарите во Уставот и измените во учебниците.

Тој ја повика политичката елита во Бугарија да биде поцврста во своите позиции кон провокациите на Македонија.

„Списокот за забрана што го предложи Пендаровски ќе ги влоши односите меѓу нашите земји. Колку што разбрав, македонската влада ја отфрли идејата. Нема смисла да правиме сличен список“, нагласи гостинот.

“На крајот ќе испадне дека таа е тројанскиот коњ на Русија. Имаше луди обвинувања дека нашата европратеничка и другите луѓе на списокот за забрана биле под руски притисок. Крадецот вика – фати го крадецот. Идејата е да се распуштат Силите на ЕУ на Балканот“, истакна тој за Бугарија ON AIR.

Историчарот смета дека провокациите од РМ не се случајни – „Позицијата на Пендаровски стимулира луѓе како криминалецот од Охрид“.

„Песимист сум дека бугарско-македонските односи имаат иднина. Омразата кон Бугарија е вкоренета веќе неколку генерации. Очекувам провокации за време на прославата на Гоце Делчев во февруари“, категоричен беше Овчаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…