Бугарски лекари ќе ја прегледаат Ива Михајлова

t

Македонија дала согласност бугарски медицински специјалисти да ја прегледаат Ива Михајлова, која е со двојно бугарско и македонско државјанство, соопшти пратеникот Иван Голомеев од Прогресивна Бугарија, пренесе БТВ.

Според Голомеев, согласноста била дадена со официјална нота на 5 октомври, а за неа бугарската амбасада била информирана на 6 октомври. Следно треба да бидат определени бугарските медицински специјалисти и да се организира заеднички преглед со македонски лекари.

Михајлова е обвинета во Македонија за тешко кривично дело поврзано со сообраќајна несреќа во која загина едно лице. Несреќата се случила во октомври 2025 година во близина на Кочани, а во неа биле повредени повеќе лица, меѓу кои и Михајлова.

По несреќата, нејзините лични документи беа одземени, поради што не може да отпатува во Бугарија на лекување. Бугарската страна претходно инсистираше да ѝ биде овозможен пристап до потребната медицинска помош, додека македонските власти посочија дека случајот е во надлежност на судството.

На 20 август Апелацискиот суд во Штип ја потврди одлуката на Основниот суд во Кочани со која ѝ беше одбиено барањето за лекување во Бугарија.

Од Прогресивна Бугарија сега бараат прегледот да се организира што е можно побрзо и по медицинската проценка да се обезбеди потребното лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…

Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…