Бугарски медиуми: Милановиќ се меша во бугарско-македонските односи
Сугестијата од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до Македонија да си ги гледа своите национални интереси и да не дозволува да биде уценувана на патот кон Европската унија наиде на критика во медиумите во Бугарија.
Под наслов „Претседателот на Хрватска се меша во бугарско-македонските односи“, од веб-страницата „Актуално“ го потенцираа токму наведениот совет од Милановиќ.
„Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се чини дека се меша во бугарско-македонските односи. Иако нагласи дека не е насочено кон Бугарија, тој ѝ советуваше на Северна Македонија да биде што е можно посебична на патот кон Европската унија, односно да не дозволи да биде жртва на изнуда и рекетирање кога станува збор за членството во ЕУ“, известува порталот за посетата на шефот на хрватската држава на Скопје.
Милановиќ од главниот град на Македонија порача дека не верува оти сите совети што таа ги добива од Брисел, од нејзините соседи и од меѓународната заедница се паметни и корисни и ѝ советува да ги прифати со резерва и да прави што сака, нагласуваат во написот на „Актуално“, кој не ја одмина ниту македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова.
„Македонскиот претседател се надева на разбирање од земјите-членки на ЕУ во врска со ‘проблемот што ја спречува Македонија да се приклучи кон ЕУ’ и се надева дека разбирањето ќе дојде и од соседите, што значи дека ќе има чекор напред во добрососедските односи.
Се чини дека нејзината изјава е насочена кон Софија и, според неа, проблемот е кај Бугарите, а не во недостигот од политичка волја кај македонските политичари за да го променат својот устав“, се заклучува во текстот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…