Бугарски медиуми: Не ни беше покренато прашањето да се покани македонската амбасадорка на седницата

t

За време на средбата на претставници на парламентарни партии во новото Народно собрание на Бугарија, не било покренато прашањето дали амбасадорката на Северна Македонија Агнеса Руси Поповска да биде поканета од администрацијата на Собранието, на конститутивната седница на новиот бугарски Парламент, изјавија за дописникот на МИА од Софија од прес-ценарот на „Демократска Бугарија”.

Оттаму, како што јави дописникот на МИА од Софија, беа категорични дека според нивните претставници кои учествувале на средбата, станува збор за апсолутно неточна информација, дека било поставено прашањето дали Руси Поповска да биде поканета или не на првата седница на 48-то Народно собрание.

Претставниците на политичките партии во новиот бугарски Парламент, потсетува дописникот на МИА од Софија, вчера се договорија да не ги поканат амбасадорите на Русија и на Белорусија во Софија, поради руската агресија во Украина. ГЕРБ-СДС, Промената продолжува и Демократска Бугарија се изјаснија против присуството на амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова на првата седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржи на 19 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…