Бугарски новинар “се покаја”: Не требаше да бараме Бугарите да влезат во македонскиот Устав
Не ни беше најефективен потег барањето да се впишат Бугарите во Уставот на Македонија, вели новинарот Горан Благоев, за бугарската bTV. Според него ова ќе значи одвојување на Бугарите од Македонците, како посебни народи, што е на штета на идеологијата на Бугарија.
-Не беше најефективниот потег да се вклучат Бугарите во уставот, бидејќи автоматски и служи на идеологијата на Коминтерната дека Бугарите и Македонците се различни. И кога Македонија ќе ги впише Бугарите во својот Устав, ќе почне да инсистира на македонско малцинство во Бугарија. Ова ќе биде наше најмало достигнување, што Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот на Македонија – нагласи тој.
Според него Бугарија треба да се фокусира на бројот на лица во Македонија кои се идентификуваат како Бугари.
-Треба да видиме колку Бугари има во Македонија кои се декларираат како такви. Ако има 3.500 наспроти позадината на над 120.000 луѓе со бугарско државјанство и бугарски пасоши, тогаш математиката не излегува – рече Благоев кој беше кандидат за претседател на Национална унија на десницата – КОД.
Во Бугарија има лица кои се идентификуваат како Македонци, но според Благоев се работи за потомци на Бугари, кои, како што рече, биле насила македонизирани.
Според него двете држави треба да си ги подобрат односите преку економската соработка и со тоа што историските прашања ќе ги решаваат државниците, а не историчарите
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…