БУГАРСКИ ПЕЧАТ ВО 1924-ТА: Македонците имаат македонска свест и чисто македонска психологија

t

Во напис од 1924 година под наслов „Македонска свест”, весникот „Мир”, издаван во Бугарија, сведочи за јасна македонска етничка свест и македонската национална психологија – одделна од српската и бугарската националност.

Тука, всушност, се говори за српско-бугарските односи во поглед на Македонија, Македонците и македонското прашање, т.е. за признавање на националните права на Македонците.

„Многу е важно, извонредно решавачко за правилниот развиток на целото прашање, да се определи – има ли, постои ли македонска свест, одвоена од српската и бугарската. На ова прашање може да се даде само еден одговор – има. Времето, историјата, особените услови во коишто живееле Македонците од памтивек, независно од тоа како какви минувале и какви се чувствувале – создале една специфична, чисто македонска психологија, во којашто македонската свест длабоко се вкоренети… Тоа жилаво племе (Македонците), коешто од својата татковина Македонија од памтивек ползело и ползи по целиот Балкан влева оживувачка крв во стопанскиот живот на сите балкански народи“, пишува во статијата.

На крајот, неименуваниот автор ја нагласува потребата сите да признаат дека Македонците навистина имаат своја посебна психологија и одделна македонска етно-национална свест.

ИЗВОР: „Миръ”, София, 11 март 1924,, бр. 7122, стр. 1. ——/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен скопјанец баран со потерница – бегајќи…

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера…

Русија: Оружје на НАТО е користено во…

Во последниот напад на Белгород, Киев користел…

Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Зеленски: Русија започна нова офанзива во регионот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија…

Хисени од ВРЕДИ: Уставните измени се црвена…

Фари Хисени од колацијата ВРЕДИ, кажа дека…