Бугарски писател ги шокираше Бугарите: Историски сме направиле големи гревови кон Македонија, омразата им е оправдана!

t

Писателот Стефан Цанев од Бугарија во гостување на бугарска телевизија им ја кажа целата вистина за историските релации меѓу Македонците и Бугарите свесен дека ќе наиде на силна осуда од бугарската јавност. Цанев смета дека омразата на луѓето од Македонија кон Бугарија има свој основ.

„Историски сме им направиле, сме дозволиле големи гревови кон Македонија. Ако тргнеме од Илинденското востание сите тогаш се надевале дека Бугарија ќе се вмеша и ќе им помогне да се ослободат. Бугарија на Турција не и испратила дури ниту протестна нота за тоа што се случило. Никаква помош. И оттогаш започнува тоа оддалечување за кое говориме. И не е во ред да се премолчува тоа што се случува подоцна. Има и чин на предавство.

Ние сме направиле таен договор за поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа не е никаква тајна и сега фактички борбата е за српскиот дел на Македонија. Бугарскиот си е во Бугарија. Грчкиот е во Грција. И најлошото кое треба да го гледаме со отворени очи, ако е можно, е она кое сме го правеле во 1943 година кога сме ја претставувале фашистичката власт на Германија. Тоа дека ние не сме учествувале во Втората светска војна со војска не е точно. Ние учествуваме во окупацијата на Балканскиот полуостров со армија од 200.000 луѓе. Тоа се 16 дивизии.

Околу 50.000 војници имало во Македонија. Сега претпоставувам дека ме гледаат и што ќе зборуваат утре, но нека си го прочитаат дневникот на Богдан Филов, и ќе видат точно каде сме ги распоредиле тие дивизии и неговата посета на Македонија во 1943 година. Ноември, кога главното прашање е за побегнатите во планините како што тој пишува со лутина дека нашата армија јавно погубила 12 момчиња поради сомневање за соработка со побегнатите. Има многу убиени. Сфаќате ли? Зборувам со многу болка. Но, не е во ред тоа да не биде… ова е главната причина. И можеби треба да се извиниме. Не знам како тоа да се случи„, вели Цанев за бугарската телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…