Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на ВМРО кои се Путинска партија во парламентот

t

Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи иницијативата во Украина, a го губи и почитувањето од целиот свет.

„Тоа го може, тие не се одржливи земји. И се разбира кога види прилика, кога ќе види дека е можно, дека се отворила врата, тој го вложува се на што е способен, сета оваа информација, сите агенти, а ветото е чисто Бугарска глупост, таа е глупост на ВМРО. Напомнувам дека ВМРО е бугарска партија, иако се вика Внатрешно македонска револуционерна организација, што е глупаво, таа е Бугарска партија која беше во коалиција со Герб во 2019 година и кога ВМРО ги виде социолошките истражувања и разбра дека може да не влезе во Парламентот, ВМРО реши да направи хистерија, националистичка, за да собере малку гласови. И ВМРО имаше два избори: да се испокара со Турција или да се испокара со Македонија, да ја насочи хистеријата кон Турција или кон Македонија. Турција е многу голема. И ВМРО одлучи: Ајде сега сите ќе ги мразиме Македонците. ВМРО не влезе во Парламентот иако успехот на оваа пропагандна акција, Бугарите се превртија и повеќето не сакаат Македонија да биде во Европската унија. Но ВМРО не влезе“, вели Даинов.

Тој додава дека со тоа се отворила вратата на Путин да влезе со сето свое влијание.

„И сега има Путинска партија, типична фашистичка Путинска партија во Парламентот, која израснува под негово влијание и се создадоа други Путински партии, така да кратко речено: ВМРО, оваа предавничка партија на Бугарскиот интерес, отвори врата и Путин влезе таму. Сакам да потсетам за нешто многу важно: само пред 15 години стратезите на Путин ја разработуваа тезата за големата и малата православна крива линија во Европа. Само напомнувам: Тие велеа вака: по православна линија Русија ќе влијае врз Кипар, Грција, Црна Гора, Бугарија, Македонија и Србија и Унгарија. Во Унгарија Орбан е пријател на Путин. Тоа беше големата крива линија. Не се случи тоа но амбицијата, апетитот, Русија да ја потчини малата православна линија, т.е. Бугарија, Македонија, Србија и ова влијание да оди со Унгарија, оваа амбиција останува и точно тоа Путин го прави сега, користејќи ја огромната Бугарска глупост, тоа е самоубиство, ние самите се убиваме во корист на Путин. И тоа треба да сопре, треба да има отпор. Една независна држава како што е Бугарија, како Македонија, да разбере колку е опасно тоа и да пружи отпор. Инаку не може тоа да се случи“, посочи Даинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…