Објавено на:

Бугарски „специјалци“ ќе ја обезбедуваат ЦСКА Софија во Скопје

t

ЦСКА Софија ќе гостува во Скопје на 21 јули на натпревар против Македонија Ѓорче Петров во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Како што се шпекулира низ медиумите во Бугарија, тимот на ЦСКА Софија во Скопје ќе допатува и со големо обезбедување односно бугарски специјалци кој ќе ги обезбедуваат во текот на целиот нивен престој на македонска територија.

Според медиумите во соседството, бугарската полиција веќе исконтактирала со македонското МВР за детали околу обезбедувањето на тимот.

Екипата на Курир побарала одговори од македонското МВР, но оттаму до овој момент не одговориле на нивните прашања.

Движењето на „арамејците“ низ главниот град ќе биде ограничено само во хотелот во кој ќе бидат сместени и веројатно нема да смеат да го напуштат истиот. Бугарите се загрижени, бидејќи во Македонија, поточно во Скопје секој ден има протести поради политичките тенизии со источниот сосед. ЦСКА Софија ќе има и 60 свои навивачи на трибините на стадионот на ФФМ.

Во изминатите неколку дена низ бугарските медиуми можевме дури да прочитаме дека тие бараат Скопје да биде изземен од организацијата на овој натпревар.

– Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Северна Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Северна Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната…

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Хамза Дарлишта останува во…

Гостиварец со ,,Волво” удрил мечка на автопатот…

На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР…

УБИЕН БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН: Трето убиство за три…

Бугарскиот бизнисмен, поранешен пратеник и поранешен европски…

Не мора секој да студира, некој треба…

Оштетувањето на инвентарот во студентскиот дом „Стив…

Песков најавува преговори за Украина во Абу…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави…