Бугарското вето за Македонија е поттикнато од руското влијание во Бугарија – вели Шекеринска
Радмила Шекеринска, поранешната министерка за одбрана на Република Македонија, на денешната панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“, говореше за положбата на Република Македонија во НАТО и актуелната состојба во Украина.
„Мислам дека политиката на ЕУ за Балканот одамна требаше да се промени. Нашиот најголем проблем е бугарското вето. По преспанскиот договор ние бевме почувствителни за геополитичките битки со соседите“ вели Шекеринска.
Влезот во НАТО е готов, а тоа беше главниот фокус. Но, сега нашиот процес за влез во ЕУ е заглавен поради актуелната криза во Украина.
„На еден начин, иако влеговме во НАТО, во нашата земја има доста руско влијание“ смета Шекеринска.
Според неа, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност не изегол во јавност да каже дека на Северна Македонија треба да и биде ставено вето. Таа смета дека ова е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија.
„Вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани“ вели Шекеринска.
Шекеринска вели дека ЕУ и НАТО треба да се пореалистични во своите планови и да разгледаат што може всушност да се оствари, па да тргнат оттаму.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…