Бугарско МО тврди: Не е разговарано за обезбедување на МиГ-29 за Украина
Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека не разговарале за бесплатно обезбедување бугарски борбени авиони МиГ-29 за Украина.
Ова го посочува прес-центарот на Министерството по повод веста на Си-Ен-Ен, според која Бугарија изразила подготвеност да и подари борбени авиони на Украина. Медиумот се повикуваат на документи на Пентагон објавени на социјални мрежи.
Според документот, Бугарија на 23 февруари изразила подготвеност да ги донира своите ловци МиГ-29. Ова е „предизвик“, според извештајот, бидејќи таквиот чекор би ја оставил земјата без борбените авиони потребни за патролирање барем додека не се испорачаат американските Ф-16. Сепак, тоа би можело да се случи „една година од сега“.
Таквата одлука би довела до дефицит на способности, што е спротивно на Уставот на Република Бугарија и Законот за одбрана и вооружени сили на Република Бугарија, додаваат од Министерството за одбрана. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…
Санчез му порача на Израел: Шпанија не…
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…
Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…
Владата ја продава иднината под превезот на…
Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…
Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…
Европската комисија контактирала со Министерството за образование…