Објавено на:

Буданов потврди: Се обиделе да го убијат Путин, но не успеале

t

Украинците сакале да извршат атентат на рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на украинската разузнавачка служба ГУР, Кирил Буданов денеска изјави дека имало неколку обиди за убиство на Путин, но дека биле неуспешни.

Одговарајќи на прашањето во интервју за порталот „Њу војс“ дали знаел за обидите за убиство на Путин, шефот на ГУР одговори потврдно.

„Имаше обиди за атентат, но, како што можете да видите, досега беа неуспешни“, изјави Буданов, пренесува Интерфакс Украина.

Буданов рече дека Путин е на власт во Русија повеќе од 20 години, па Русите сега „имаат страв да не го загубат, бидејќи тој е гарант за нивната животна стабилност“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Буданов, изјави дека безбедноста на рускиот претседател е „на соодветно ниво“.

Претходно, украинските власти тврдеа дека спречиле голем број обиди за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинските разузнавачи и претходно велеа дека Путин знае дека го следат, дека се доближуваат до него и се плаши. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Трагедија во Ханиоти: 16-годишно момче од Бугарија…

Голема трагедија го потресе Ханиоти, популарно одморалиште…

Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки…

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Иран ја потврди смртта на висок воен…

Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…