Бунтот во Слупчане остави повеќе села без струја

t

Оризаре, Ваксинце и Лојане поради насилното влегување на лица од Слупчане во енергетски објект останаа без струја.

Лица од Слупчане искршиле катанци и насилно влегле во енергетски објект и оставија повеќе села без струја.

Синоќа лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици.

Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане.

Електродистрибуција и денес го потврдува истото. Мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

“Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека не добијат цвртсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа.

Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат.” велат од компанијата.

Кражбите на електрична енергија во ова село се 80%, а наплатата е само 20%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…

Еден сомнителен случај на морбили има во…

Последната наредба војникот Т. Славески ја доби…

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко…

БОР Е ВТОР ГРАД СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ…

Српскиот град Бор, познат по своите големи…

Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…