„Бунт во Свети Николе“: Пензионерите му порачаа на Мицкоски: „Доста ни е од трошки!“

t

Денеска во Свети Николе се одржа протест на пензионери кои решително побараа од Владата пензиите да се зголемуваат линеарно, а не процентуално. Според нив, ваквото усогласување е единствениот начин да се намалат големите разлики меѓу најниската и највисоката пензија во земјава и да им се обезбеди достоинствен живот на сите пензионери. Трајче Станојков, претставник на Иницијативниот одбор на пензионерите, изјави дека ова барање е праведно и неопходно.

„Ќе продолжиме да се бориме пензиите да се усогласуваат линеарно – тоа е единствениот начин да добиеме што ни следува,“ рече тој.

Пензионерот Трајче Митев од Штип посочи дека само со заеднички глас и организирано делување може да се постигне резултатот што го посакуваат. Протестот не беше насочен само кон Владата – пензионерите јавно побараа оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајковска, обвинувајќи ја дека не ги застапува нивните интереси.

Пензионерите од Свети Николе, Штип, Куманово и други градови предупредија дека доколку до септември не се исполни нивното барање за линеарно зголемување на пензиите, нема да излезат на гласање на изборите во октомври. Нивната порака е јасна: „Бараме правда за сите, а не привилегии за некои!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…

Тројца пензионери пукале во Делчево, полицијата им…

Тројца пензионери ќе заработат пријави откако биле…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…